Сомнителна материја хоспитализираше петмина
Писмо со сомнителен прав било испратено во германски суд, а петмина беа примени во болница.
Инцидентот се случил во градот Ринтелн во Долна Саксонија. При отворањето на пратката петмина работници во судот се пожалиле дека тешко дишат и во состојба на паника биле примени во болница. Уште 19 работници биле прегледани, се посочува во соопштението на локалната полиција.
Материјата во пратката била зелена. Во судот пристигнале спасувачки тимови, а околу него има полициско обезбедување.