Законот за јазици пред пратениците

Законот за јазици пред пратениците

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска напладне го закажа продолжението на 32-та седница на која на дневен ред е и за Законот за употреба на јазиците, за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35.000 амандмани.

Засега нема информации дали пратениците ќе расправаат за амандманите и како ќе се надмине оваа ситуација која може да предизвика блокада на Парламентот или тие ќе бидат прескокнати и ќе се расправа за другите точки од дневниот ред на оваа седница.

Доколку дојде до некаква расправа по оваа точка би можело да се очекува на седницата да учествуваат и пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои најавија присуство за амандманите.

 

Треба да знаете
Последни објави