Разбојник нападнал продавачка со нож
На 06.03.2018 година околу 20.00 часот во продавница на ул. „Димитар Влахов“ во Велес непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со нож на вработената и нанел повреда на левата дланка, по што одзел околу 25.000 денари и побегнал во непознат правец. СВР Велес презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.