Револтирани родители: Ќе собираме по 500 денари за да се купи злато на наставничката

Утре е 8-ми Март, Денот на жената. Се купуваат разни подароци на мајките, бабите, наставничките, на колешките.

 

Многу наставнички од основните и средните училишта во земјава, едвај може да ги однесат дома подароците кои ги добиваат од децата, односно родителите за 8 Март, Денот на жената.

Се поставува прашањето, дали 8-ми Март е ден на жената или пак ден на подароците.

Весна е мајка на ученик во второ одделение. Таа вели дека овој ден од година на година се повеќе ја губи својата смисла.

-Уште пред десет дена, некои мајки на другарчињата на син ми, од училиштето прават планови што да и се купи на наставничката за 8-ми Март. Секако, сите ние родители се согласивме со тоа, дека е добро да се купи подарок, но не се надевавме дека треба да дадеме по 500 денари од дете, за да се купи некој скапоцен подарок. Дали верувате,во одделение се 30 деца, по 500 денари, тоа е 15.000 денари. А 500 денари воопшто не е малку. Кога ми стигна ваква порака, во групата на вибер, бев запрепастена. Чекав да видам дали некој ќе изреагира за оваа одлука, но немаше, па јас морав да бидам прва. Верувајте, ме нападнаа, со изговор дека таа наставничка заслужува многу повеќе, бидејќи ги учи нашите деца да пишуваат, да читаат. Па тоа и е професија, за тоа зема плата, нема за што јас да ја наградувам. Дури една од мајките ме нападна со тоа што ми рече, дека 500 денари нема да ми се многу ако си купам парфем за себе или ако излезам во ресторан, а 500 ми се многу за наставничката. Не сакав да се оправдувам, само си го кажав својот став. Не дека немам за да дадам пари, туку тоа е многу. И верувам не само за мене, туку и за многу други родители од одделението, но никој не сакаше јасно и гласно да го каже тоа, раскажува Весна.

Како се чувствуваат децата кои нема што да им подарат и зошто ова стана традиција која никако не може да ја надминеме?

Треба да знаете
Последни објави