Следната учебна година учениците нема да учат по програмата „Кембриџ“

Следната учебна година учениците нема да учат по програмата „Кембриџ“ , соопшти Владата.

„Од областа на образованието министрите на денешната седница ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година, односно на програмата ‘Кембриџ’“, се вели во соопштението.

На седницата беше донесена и одлука за воведување италијански јазик во основно и средно образование како можност за втор странски јазик.

Треба да знаете
Последни објави