Украдено возило во Тетово додека сопственикот бил во месара

Украдено возило во Тетово додека сопственикот бил во месара

На 07.03.2018 година, околу 08.10 часот , Р.Ј. (57) од Тетово пријавил дека непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Тојота“ со тетовски регистарски ознаки, кое го оставил пред месарница на тетовскиот зелен пазар со клуч во бравата.

Сторителот влегол во возилото, го стартувал и побегнал во непознат правец.

На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 6.600 евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот..

Треба да знаете
Последни објави