Форумот на жени на СДСМ – Бутел организираше Трибина посветена на Истанбулската конвенција

По повод 8 Март, Денот на жената, Форумот на жени на СДСМ – Бутел организираше Трибина посветена на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.

 На Трибината говореа: Велимир Смилевски, градоначалник на Општина Бутел, Лилјана Божиновска и Билјана Бешлиева, советнички во Советот на Општина Бутел, Славјанка Петровска од Министерството за внатрешни работи, Мери Штрбевска од Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи на Град Скопје и Ѓоко Котевски, директор на КПУ Затвор „Скопје“. Говорниците ги презентираа главните цели на Истанбулската конвенцијата, како и обврските на Република Македонија, на државно и на локално ниво, што произлегуваат од ратификацијата на Конвенцијата. Исто така, се осврнаа и на актуелните состојби во врска со превенцијата на сите форми на насилство врз жените и домашното насилство, помошта која им се нуди на жртвите на насилство и мерките за санкционирање и ресоцијализација на вршителите на насилство. Трибината имаше интерактивен карактер и големиот број присутни гости имаа можност да добијат информации за начините на кои можат да се вклучат во разрешување на конкретни проблеми поврзани со насилството врз жените и домашното насилство.

 

yy.jpg

pop.jpg

Треба да знаете
Последни објави