Приведени турски државјани на Деве Баир поради фалц зелен картон
Двајца турски државјани вчера се приведени на граничниот премин Деве Баир при обид за влез во Република Македонија поради сомнение за фалсификување на исправа – зелена карта.
Едниот, на возраст од 47-години, бил приведен вчера околу 8 часот и управувал товарно моторно возило со полуприколка. Другиот на возраст од 23 години, пак, возел „сканиа“ и е приведен пет часа подоцна.
Против двајцата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Крива Паланка.