Откако во Бундестагот беше по четврти пат избрана за канцелар на Германија, Ангела Меркел, се случил безбедносен инцидент. Еден маж се обидел да се пробие низ гужвата до Меркел, додека излегувала од зградата на германскиот парламент на пат кон претседателот на државата, Франк-Валтер Штајмајер.
Безбедносните сили околу Меркел успеале да го совладаат човекот кој, според пишувањата на германските медиуми, извикувал на странски јазик, обидувајќи се да стигне до канцеларката. Полицијата го спречила во тоа и го соборила на земја, додека Меркел влегувала во автомобилот.
Во моментот кога германската канцеларка Ангела Меркел се обидувала да излезе од Бундестагот, каде денеска ѝ беше продолжен мандатот како канцелар на Германија, еден човек се обидел да се пробие низ толпата народ и да ѝ се доближи на Меркел.