Мандатно-имунитетната комисија од која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат да заседава не може да се одржи без писмено барање.
Комисијата може да заседава единствено ако тоа го побара собранискиот спикер, Талат Џафери. Претседателот на комисијата, Павле Богоевски, вели дека прво треба да има повреда на деловникот, односно да не се разгледуваат амандманите, па потоа комисјата да го каже нејзиниот став.
„Комисијата може да се состави по седницата, бидејќи овде немаме наводна поврeда на деловникот, на која укажуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Сè уште не сме стигнале до тоа дали амандманите ќе се разгледуваат“, вели Богоевски за „Макфакс“
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и натаму го оспорува законот за јазиците, овој пат со барање да заседава мандатно-имунитетната комисија. Оспорувањето на законот сега се врши со барање на еден час паузаа од страна на Димовски која беше одобрена од Џафери.