ПЕТ ПРАТЕНИЦИ ОД ВЛАСТА, ЗИЈАДИН СЕЛА И АФРИМ ГАШИ НЕ ГЛАСАА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ
Пратениците од СДСМ и коалицијата Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласаа за Законот за јазиците, покажуваат собраниските листинзи.
Според листингот, не гласале ни Зијадин Села, лидер на Алијансата на Албанците, ни Африм Гаши, лидер на Движењето Беса.
Собранието денеска го изгласа Законот за употреба на јазиците без да ги разгледа илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ. За регулативата која е дел од преткоалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ гласаа 64 пратеници. Никој не гласаше „против“ или „воздржано“.
Законот, во трето читање, е усвон со истатата содржина како и на 11 јануари годинава, кога претседателот Ѓорге Иванов стави вето. Овој пат, Иванов е обврзан да го потпише Указот за прогласување на Законот за јазици.