
Жестока расправа полна со емоции од страна на родителите на убиените момчиња кај Смилковското езеро предизвика денешното второ одложување на случајот „Монструм“ одкако Врховен го врати предметот на почеток и ги ослободи од притвор обвинетите.
Причината за одложувањето беше известувањето кое судијата го добил утрово, а со кое Катица Јанева вели дека предметот „Монструм“ го побарала од организиран криминал и во рок од осум дена ќе одлучи дали има надлежност над него.
„До кога ќе се купува време ова е политички пазар судија , нашите деца шест години скапуваат во гроб, имате ли душа судија имате ли деца“, беа само дел од негодувањата кои родителите ги упатија до судијаата Огнен Ставрев.
Судењето за овој случај е одложено за 17 април.



