ПОП СЕ ИСПИЈАНИЛ НА ПОГРЕБ И ЗАСПАЛ КАКО ТОП: Не можел да стои па го легнале до мртовецот
Фотографија од погреб во селото Друговац, општина Смедерево едноставно експлодираше на социјални мрежи.
Приказната за свештеник Ненад стана апсолутен хит, a сето тоа се должи на сосема бизарниот сплет на околности.
Свештеникот се испијанил на погребот, а дополнително го зашеметило и силното мартовско сонце, па затоа не можел да оди.
Мештаните не можеле да сторат ништо друго освен да го стават на приколката каде што бил сандакот во кој лежел мртовецот, каде што поп Ненад заспал.
Овој необичен настан се случил во неделата, 11 март, и засега не е познато дали поп Ненад успеал да ја испее молитвата за покојникот.