Премиерот Заев се сретна со турските бизнисмени
Македонско Турска стопанска комора (MATTO), Управниот одбор и членовите на комората вчеравечер во хотелот Стоун Бриџ во Скопје одржаа средба со Премиерот Заев.
Претседателот на МАТТО Ајдоган Адемоски беше домаќин на состанокот со премиерот Заев, како и државниот министер задолжен за странски инвестиции Аднан Кахил, Турскиот Амбасадор во Скопје Тулин Еркал Кара, економскиот советник на премиерот Фатмир Бесими, менаџментот на МАТТО и членови.
Премиерот Заев рече дека владата почна да работи на давање на 90.000 квадратни метри простор на МАТТО за турските компании во индустрискиот регион во Гевгелија.
Премиерот потенцираше дека Турција е најдобар пријател Р. Македонија и дека на економски план треба бројките и инвестициите во нашата земја да се зголемат и во посетата на Премиерот Заев во Турција по средбата со Јилдирим и со Ердоган е разговарано на темата инвестиции и зголемување на економскиот план кој се зациртани некој планови заеднички и истите треба да се исполнат за краток рок.