Словачка на игли по убиството на новинарот: Премиерот Фицо понудил оставка, но само под еден услов

Тој на новинарите им рекол дека условот е да се почитуваат изборните резултати и на неговата партија “Насока” да и се овозможи именување на нов премиер.

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјавил дека е подготвен да поднесе оставка, ако претседателот на Словачка Андреј Киска прифати неговата партија “Насока” да има право да избере иден шеф на владата. 

“Му ја понудив својата оставка на претседателот на Републиката. Ако претседателот прифати, подготвен сум и официјално да поднесам оставка”, рекол Фицо, наведувајќи дека кај претседателот бил со коалициските партнери.

Тој на новинарите им рекол дека условот е да се почитуваат изборните резултати и на неговата партија “Насока” да и се овозможи именување на нов премиер.

Фицо се обидува да ја задржи целоста на својата тричлена коалициска влада за време на политичката криза, предизвикана од убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак кон крајот на февруари и повикување на одржување на вонредни избори, пренесува “Reuters”.

Десетина илјади Словаци излегле на улиците, барајќи темелна истрага за убиството на новинарот и неговата свршеничка.

Тоа биле најголеми протести во Словачка уште од времето на Кадифената револуција во 1989. година.

Претседателот на Словачка, Андреј Киска неодамна предложил предвремени избори или големи промени во владата како излез од политичката криза.

Куцијак бил пронајден мртов во својот стан, заедно со својата свршеничка, а работел на статија за врските на италијанската мафија со словачкиот премиер Роберт Фицо.

Треба да знаете
Последни објави