
Брачниот пар од малото село во Авганистан своето новородено бебе го нарекол Донадл Трамп, поради изненадувачката руса коса со која дошло на свет, но и со желба да биде богат како неговиот имењак. Сепак, таа одлука им донела големи проблеми.
Имено, ,нивните роднини и соседи биле толку бесни што таткото на детето раскрстил со традицијата и на својот син му дал немуслиманско име, па Асадулах Поја морал со семејството да се пресели во Кабул, а преку дури им се заканувале со смрт.
Кога сопругата го родила третото дете во август 2016. година, Поја во истиот момент помислил на Доналд Трамп, бидејќи претходно го прочитал насловот на книгата “Трамп: Како да се збогатиш”, објавена во 2004. година.
“Тогаш помислив: Тој е голем човек”, рекол Поја, кој без размислување го нарекол синот по Трамп, надевајќи се дека ќе му донесе среќа. Сепак – тоа не се случило.



