На обвинителна клупа први функционери на ДУИ – СЈО ги обвини дека уништиле изборен материјал

На обвинителна клупа први функционери на ДУИ – СЈО ги обвини дека уништиле изборен материјал

Првите функционери на ДУИ обвинети во случајот „Титаник 3“ на специјалното јавно обвинителство, Ејуп Алими и Исмет Гури, денеска седнуваат на обвинителна клупа. СЈО ги обвини дека уништиле изборен материјал.

Предметот ќе го суди судијката од одделот за кривично полнолетни, Оља Ристова. Ова е прв предмет на тимот на Јанева во кој им се суди на функционери на ДУИ. СЈО за нив бараше и притвор, па тие се жалеа до Апелациониот суд, но наместо таа мерка, судот им ги одзеде пасошите.

Обвинителката Фатиме Фетаи на јавна седница во Апелациониот суд изјави дека сведоци на специјалното обвинителство стравувале од пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими. Сведоците објаснувале дека Алими е многу моќен човек и е дел од ДУИ, која е на власт. Алими посочи дека и да го затворат во друга земја, ќе избега за да се врати во Македонија и да биде присутен за постапката која се води против него.

Исмет Гури беше помилуван од претседателот Иванов токму за овој случај. Тој е заменик-управник на регионалната дирекција на УЈП во Скопје. Ејуп Алими е координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието.

Треба да знаете
Последни објави