Прилепчанец фрлал дрога од автомобилот – полицијата го фати
Надворешната канцеларија за криминалитички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 32-годишниот Г.С. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции, и прекурсори“.
На 13. месецов во Прилеп, од страна на полициски службеници бил забележан пријавениот како од возило „БМВ“ исфрла кеса со марихуана, по што се обидел да побегне, но бил приведен во Полициската станица Прилеп.
Од извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за 448 грама наркотична дрога марихуана. Од судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп на пријавениот му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.