Радиоактивна супстанца се наоѓа на сред Скопје

Опасен радиоактивен отпад со години стои во сред центар на Скопје, во подрумските простории на Клиниката за онкологија и преставува темпирана бомба од безбедносен аспект, дознава НОВА од извори запознаени со оваа проблематика.

 

Станува збор за радиоактивен кобалт 60 кој е многу опасен по здравјето на луѓето доколку се изложат на неговото зрачење.

Но, на Онкологија нема само опасен радиоактивен кобалт. Таму во последните 50 години бил складиран и друг радиоактивен отпад, како што е радиоактивно злато, радиум, цезиум кои биле користени во медицината, а немало каде да се однесат. Тие се наоѓаат во просторија која се наоѓа под таванот на клиниката во посебен бункер за да нема надворешно зрачење. Не се знае колкави количини има од овој радиоактивен отпад бидејќи неговото присуство се мери однадвор со специјални апарати.

На овој радиоактивен отпад местото не му е на Клиника за онкологија, велат за НОВА во Агенцијата за радијациона сигурност. Но, бидејќи државата нема посебен склад каде што треба да се чува радиоактивниот отпад тој со години стои таму.

Треба да знаете
Последни објави