Судијата го ограничи Груевски да зборува само пет минути за Космос

Судијата го ограничи Груевски да зборува само пет минути за Космос

Судијата Огнен Ставрев пред денешното рочиште на судењето за уривањето на Космос, ги информираше адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, како и на другите одбинети дека ќе можат да зборуваат само по пет минути. На тоа реагираше Груевски, кој рече дека „не знаел дека ќе има вакво ограничување“.

Според судијата, пет минути се доволни за изјаснување и приговор, а подолгото зборување само непотребно ќе ја одолговлечи постапката.

Обвинетиот Груевски и на вчерашното рочиште влезе во судница откако почна судењето за случајот „Тенк“. На едно од рочиштата судијката Добрила Кацарска која го води овој предмет му укажа на Груевски дека редот во судот мора да се почитува и на рочиштата треба да се доаѓа на време.

Судијата откако го поучи Груевски за законските можности и обврски го праша дали го разбрал обвинението и дали чувствува вина, на што поранешниот премиер одговори: „ Не се чувствувам виновен и не сум го прекршил законот“.

Во случајот „Т.Н.Т“ обвинети се седум лица, меѓу кои и градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Според Обвинителството, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета. Обвинетите на минатото рочиште се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Сите седуммина обвинети, на претходното рочиште се изјаснија како невини. Апелацискиот суд на 4 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ да можат да се користат како докази во судската постапка.

 

Треба да знаете
Последни објави