Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден

Лидери кога станува збор за износот на минималната цена на трудот се Австралија, Луксембург, Нов Зеланд, Франција и Холандија.

Институтот за економско и социјално истражување на ЕУ во својот извештај за март 2018 година укажува дека на почетокот на оваа година во државите членки на Европската унија е забележано просечно зголемување на минималните заработки од 4,4 проценти.

Највисокото ниво на минимална заработка надвор од Европа е во Австралија 12,42 евра по час. Во Западна Европа жителите во просек заработуваат осум евра по час. Предничи Луксембург со 11,55 евра, додека најмалку е во Белгија 9,47 евра по час.

Втората група на земји се оние со минимална заработка од три до пет евра по час, а тука спаѓаат Словенија (4,84 евра), Шпанија (4,46 евра), Малта (4,31 евро), Португалија (3,49 евра) и Грција (2,3 евра).

Во третата група се земјите на Источна Европа, каде минималните плати се под три евра на час – Бугарија 1,57, Турција 2,53, Украина 0,74 и Молдавија 0,68 евра.

Треба да знаете
Последни објави