Пожар во Скопје – изгореа две возила паркирани на паркинг
Синоќа, во 01:55 часот по полноќ било пријавено дека во Скопје на улицата „Максут Садик“ било опожарено товарно моторно возило „Цитроен Џампер“ со скопски регистерски таблици, сопственост на 40-годишниот Г.С. од Скопје, а паркирано од страна на Х.Р. од Скопје.
Од огнот било зафатено и патничкото моторно возило „Опел Зафира“ со скопски регистерски таблици, сопственост на А.Р. од Скопје, паркирано до „цитроенот“.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран.
На местото на настанот излезено е од страна на полициски службеници од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.