УХМР: Пороен дожд и грмежи, доаѓа страшно невреме
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува УХМР за утре. Во раните утрински часови во западниот дел од земјата нестабилното и променливо време ќе биде поизразено, а околу пладне во источните делови е можно да наврнат над 15 литри на метар квадратен.
Утринската температура ќе се движи од осум до 12, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје во раните утрински часови се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, а попладне облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 16 степени.
Посвежо време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни ќе има и во текот на наредната недела, освен во вторник кога ќе биде претежно суво. На планините ќе врне снег. Во четврток се очекува значително заладување, па врнежите речиси насекаде ќе бидат од снег.