Денови на водата со акцент на најмладите во Скопје

Денови на водата со акцент на најмладите во Скопје

Проектот „Нашата драгоценост – водата“ , по повод одбележувањето на Светскиот ден на водата, започна во Основното училиште „11 Октомври“ во општина Центар.
Со ова Асоцијацијата за едукација, спорт, култура и здравје, „Едико плус“ ја оформува и подига свеста на најмладите за заштита и рационално користење на водата.

„Во периодот што претстои, во соработка со Град Скопје и со ЈП ‘Водовод и канализација’, ќе направиме сè да ја зачуваме здравата животна средина, ова е значаен проект што се спроведува 12 години по ред, со што се укажува на значењето на природниот ресурс – водата. Се гордеам што Центар е првата општина во која се спроведува проектот. Вие најмладите сте нашата иднина и затоа секогаш покажувајте, критикувајте и предлагајте што сè треба да направиме за здрава животна средина“, рече градоначалникот Саша Богдановиќ.

За да може секое општество да се справи со кризата за вода, Обединетите нации го признаа правото на вода како елементарно човеково право за обезбедување чиста и здрава вода за пиење.

Град Скопје се снабдува со вода за пиење од изворот Рашче, кој е со чиста и бистра вода, со стабилен хемиски и бактериолошки режим.

 

Треба да знаете
Последни објави