Драма во касарната во Петровец: Војник заврши во болница
Викендов во 21 часот и 20 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека истиот ден околу 18 часот и 30 минути во селото Петровец-скопско во касарната „Страшо Пинџур“, професионален војник додека извршувал задачи на стражарското место кај хеликоптерското одделение, забележал три лица кои дошле со патничко возило.
Откако биле предупредени да се оддалечат од оградата од касарната бидејќи се работи за воен објект, лицата почнале да фрлаат со камења кон него, а потоа го напуштиле местото на настанот.
На С.М. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“ и е пуштен на домашно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.