Го отстранил печатот од УЈП и продолжил да работи
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.М. (33) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело симнување или оштетување на службен печат или знак.
Во временскиот период од 19 февруари до 6 март во Кочани на улица „Роза Петрова“, пријавениот го отстранил службениот печат од угостителски објект, кој бил затворен од страна на Управата за јавни приходи–Штип , и продолжил да врши угостителски услуги.