ЈП „Улици и патишта“ санираат дупките на скопските сообраќајници
По налог на Град Скопје, екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве реализираат акција за санирање на ударни дупки на коловозите на градските сообраќајници. Како што информираат од Градот, станува збор за редовна акција по завршување на зимската сезона, кога на дел од коловозите има оштетувања од снегот и солта.
Ударни дупки се санираат на следните булевари: Партизански одреди, Илинден, Гоце Делчев, Александар Македонски, Босна и Херцеговина, Христијан Тодоровски Карпош, Словенија, Митрополит Теодосиј Гологанов, Киро Глигоров, Србија и Борис Трајковски.
Од Град Скопје информираат дека санирањето на ударните дупки на градските сообраќајници континуирано ќе продолжи и во наредниот период.