Маж нападнат во кафеана, го удриле со чаша по главата
Шеесет и двегодишен маж од селото Брњарци, Скопско, пријавил дека во угостителски објект на улицата Маџари бил физички нападнат од страна на четири непознати лица.
„Додека седел во угостителскиот објект, влегле лицата и едно од нив со чаша го удрило во пределот на главата“, соопшти во билтенот Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.