Јунајтед славеше против Брајтон со 2:0, но и покрај победата, тренерот Жозе Мурињо беше многу незадоволен од играта, а посебно од однесувањето на неговите играчи.
„Сакам повеќе карактер и храброст во тимот. Чувствував дека Немања Матиќ е издвоен пуст остров полн со карактер, желба и квалитет, опкружен со море на други играчи на кои што им недостасува сето тоа, посебно желба и карактер“, изјави Жозе Мурињо.
После шокантната елиминација од Лигата на шампионите од Севиља, победата над Брајтон и пласманот во полуфиналето од ФА Купот не би можеле да бидат некаква голема утеха за навивачите на Манчестер Јунајтед и тренерот Жозе Мурињо, кој што заедно со својата екипа ќе мора да оствари многу поголем резултат до крајот на сезоната.