Одбраната на Заев бара снимките од „Поткуп“ да се гледаат јавно
Одбраната на премиерот Зоран Заев кој е обвинет во случајот „Поткуп“ бара снимките за овој случај да се гледаат во присуство на јавноста, бидејќи според адвокатите снимките кои беа објавени на „јутјуб“ биле нецелосни.
Со овие снимки се сакало да се нанесе штета на честа и угледот на Заев и на неговата приватност.
Обвинителството не се согласува со барањето на одбраната јавно да бидат прикажани пи мерките.
Сведокот Иван Николов Сачевалиев не присуствуваше на рочиштето. Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.
Заев на претходното рочиште на 6 март рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструирано во периодот кога беше лидер на опозицијата.