Запалена викендичката на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп
Координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Општина Прилеп, Петар Ристески, чија викендичка синоќа беше опожарена, изјави дека пожарот бил подметнат и се сомнева на политички мотивиран чин.
„Во моментот навистина не можам ниту да се сомневам во некој ниту да посочам со прст лично кон некого кој е сторителот. Но, единствено што ми паѓа на памет е дека ова е политички сторено дело“, рече Ристески, кој изрази сомнеж дека некому му пречи неговиот политички ангажман.
Ристески додаде дека ова не е првпат да се посегне по неговата безбедност и објект во негова сопственост, со оглед на тоа што кога СДСМ славел победа, била уништена портата од неговата куќа, но полицијата не го повикала да даде изјава, а не е поведена ни судска постапка против никого.