Груевски денес на суд за „Траекторија“

Груевски денес на суд за „Траекторија“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за случајот на СЈО „Траекторија”, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

На минатото рочиште сите обвинети во овој предмет пред судот рекоа дека не чувствуваат вина за обвиненијата на СЈО.

Судот освен “бомбите“ одлучи како доказ да ги прифати и СМС пораките во овој предмет. 

Четворицата се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист

Треба да знаете
Последни објави