Јанчев: Работам во интерес на граѓаните на Кавадарци, посветено одговарам на секој предизвик

Кога стапив на функцијата градоначалник на општина Кавадарци, локалната самоуправа беше во одлична состојба, без доспеани долгови и приближно 7 милиони денари на општинската сметка.

Јас како градоначалник продолжив со таа добра финансиска клима и во делот на придобивките од делот на легализација. Ги намалив трошоците таму каде што сметав дека треба да се намали, но до сега немам отпуштено вработени од општината, рече во вчерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24 Вести,  градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Тој истакна дека кога ја подготвувал својата четиригодишна програма точно знаел што е потребно за општината и за граѓаните на Кавадарци.

-Јавното претпријатие Комуналец е со нова опрема, наследен од претходното раководство. Јас успеав да набавам уште два камиона за комунален смет за извоз. комуналното претпријатие во претходните три години имаше околу 400.000 евра добивка. Комуналното претпријатие во претходните три години имаше околу 400.000 евра добивка,  но, сега во моментот правиме петта хидроцентрала која е во склоп на јавното претпријатие во самиот водоводен систем Лукар, а со тоа ќе придонесеме дополнителни финансиски приходи во претпријатие, истакна Јанчев.

Според него секој градоначалник треба да се грижи за сопствениот град, а како резултат на неговото посветено работење врз основа на домаќинско работење на општината, Кавадарци добило 3 милиони евра гранд од Германската амбасада.

Треба да знаете
Последни објави