Смрт зад воланот: Детали за возачот на камион кој почина на пат кон ГП Делчево

Смрт зад воланот: Детали за возачот на камион кој почина на пат кон ГП Делчево

Вчера во 16.50 часот на магистралниот пат Делчево- Граничен премин Делчево, на возачкото место во кабина на влекач “Волво“ со велешки регистарски ознаки со цистерна со велешки регистарски ознаки, бил пронајден починат Б.М. (53) од Богданци.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. 

Од увидот било констатирано дека на наведеното место Б.М. добил срцев удар, по што возилото почнало да се враќа назад и задниот дел на  цистерната поминал на левата коловозна лента свртувајќи се во обратен правец. 

На  патот и патната сигнализација нема никакво оштетување.

Телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Треба да знаете
Последни објави