
Постои тајна врска помеѓу сопствениците на големите задници и најдобрите фудбалери на светот. Поранешната Мис БумБУм, Сузи Кортез постојано го “бомбардираше” Лионел Меси со голи фотографии, а нејзината колешка Ерика Канела го тужи Кристијано Роналдо.
Ерика тврди дека била во двомесечна врска со португалскиот фудбалер, кој ја повикувал во неговата куќа во Мадрид и Лисабон за да имаат сексуални односи. Таа уредно ги прифаќала повиците, а врската ја прекинала кога дознала дека Роналдо има девојка.

“Започнав да добивам пораки во кои ме нарекува к***а и закани дека ќе ми го уништи животот. Не знам дали пораките се од него или од некој друг, но престанав да јадам, не можев да спијам и не сакав да излегувам”, раскажала Ерика и покренала тужба против Португалецот поради сексуално вознемирување, бидејќи тие омаловажувачки пораки влијаеле врз нејзината емотивна состојба.

Ерика е прекрасна, но медиумите не веруваат премногу во нејзината приказна, бидејќи таа сигурно е уште една во низата девојки кои ја искористуваат неговата популарност за да стекнат слава.



