Тинктура од жалфија која ќе ви помогне при проблеми со непцата

Тинктурата од жалфија помага при проблеми со непцата и одлично ја дезинфицира усната шуплина.

За нејзината подготовка потребно ви е:

– 1,5 лажица жалфија

– 5 дл вода

– лажица сол

– 0,5 дл алкохол (70 %)

Подготовка:

Водата ставете ја во сад на оган и додадете ја солта и кратко варете, потоа додадете ја исушената жалфија и повторно кратко варете. Оставете да се олади, процедете и додадете го алкохолот. Плакнете ја устата со добиената тинктура повеќе пати во денот.

Треба да знаете
Последни објави