Уапсен поранешниот претседател на Франција Никола Саркози
Поранешниот претседател на Франција Никола Саркози, уапсен е утрово под сомнение за криминални дејства во врска со финансирањето на неговата кампања од 2007 година, соопштија правосудните тела во Франција.
Како што пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на свои извори од судот, тој е уапсен поради сомненија за вмешаност во криминални дејства поврзани со финансирањето на неговата политичка кампања за изборите одржани во 2007 година.
Исто така, се пренесува и дека Саркози наскоро ќе биде сослушан и дека моментално се наоѓа во притворската единица на судот.
За потсетување, Никола Саркози беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, а сомненија во врска со финансирањето на неговата претседателска кампања, повеќе пати досега беа изразувани во медиумите.
Исто така, истрага околу тоа беше започната и во 2012 година, но бргу беше суспендирана.
Случајот повторно беше отворен минатата година, кога надлежниот судија соопшти дека има доволно докази против Саркози за да се започне судски процес.