Ужас во Делчево: Децата ги оставила на чување кај дедото, девојчето го пипкал нивен семеен пријател

Ужас во Делчево: Децата ги оставила на чување кај дедото, девојчето го пипкал нивен семеен пријател

Вчера во 12.35 часот во Полициската станица Делчево 37- годишна жена пријавила дека на 16.03.2018 година околу 20.30 часот, додека со нејзиниот сопруг не биле дома, а нивните две малолетни деца на возраст од 12 и 14 години останале дома со нивниот дедо, дошол нивен семеен пријател.

Кога се вратиле дома околу 22.30 часот, синот им кажал дека, по кажување на сестра му, во дневната соба семејниот приајтел ја допирал по телото и и кажал да не кажува никому.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. Лицето е повикано и задржано во Полициската станица Делчево.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе биде изнесен пред судот во Кочани.

Треба да знаете
Последни објави