Врховните судии ќе одлучуваат за притворите на осомничените за крвавиот четврток

Врховните судии ќе одлучуваат за притворите на осомничените за крвавиот четврток

Денеска кривичниот совет на Врховниот суд на јавни седници ќе ги разгледува жалбите за притворите на осомничените од настаните на 27 април. Во притвор останаа пратениците Kрсто Mукоски и Сашо Василевски, поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков и уште неколкумина осомничени за насилствата во Собранието на 27 април.  Пратениците Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски се во домашен притвор.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција соопштија дека истрагата за случувањата во Собранието лани завршила и дека течат законските рокови во кои осомничените и одбраната можат да ги прегледуваат списите и доказите.

Треба да знаете
Последни објави