31-годишниот десен бек на Милан, Игнацио Абате планира да ја продолжи својата кариера на фудбалските терени во САД.
Абате по крајот на оваа сезона речиси сигурно ќе го напушти Милан, а една од опциите за продолжување на неговата кариера е МЛС. Како што пренесуваат италијанските медиуми, постои опција Абате на лето да го раскине договорот со клубот и да се пресели во САД.
Абате играше за неколку италијански клубови во текот на својата кариера, но тој израсна во младинската академија на Милан, каде што се врати во 2009-та година и остана во клубот до ден денес.
Оваа сезона Абате не добива премногу простор за игра, иако досега има запишано 23 настапи за „Росоњерите“.