И покрај тоа што се уште не поминал рокот на траење, често се случува кога ќе отворите купена чоколада, таа да не биде со препознатливата кафеава боја, туку да е прекриена со бел слој во кој личи на прав.
Германски научници конечно открија зошто чоколадата избледува и зошто нејзиниот горен слој добива бела боја и прима поинаква текстура.
Поради се повеќе жалби од потрошувачите и купците на омилениот десерт, научници од Хамбург одлучиле да ја решат оваа мистерија. Така, тие дошле до заклучок дека поголемиот дел од луѓето ја чуваат чоколадата на погрешна температура.
Чувањето на чоколадата на премногу топло или премногу ладно место ќе доведе до таканаречено „масно цутење“, односно појава на бели честички на чоколадата по самата површина, пренесуваат тие.
Значи, бел слој на горниот дел од чоколадата ќе се појави ако таа не биде чувана на адекватна температура. Идеална температура за чување на чоколада е од 14 до 18 степени.
Експертите велат дека белиот слој на чоколадата не е штетен и дека и таа чоколада може слободно да се јаде, откако ќе „расцвета“. Тие заклучуваат дека со чување на чоколадата на адекватна температура, љубителите на овој десерт нема да изразуваат жалење поради појава на овој бел слој.
Еден од предлозите е кога една чоколада ќе се отвори што побргу да биде изедена, бидејќи ако стои подолг период отворена почнува да испушта таканаречени кристални честички.