Експлозија на мобилен телефон усмрти девојче во Индија

Девојче од Индија, Ума Орам, разговарала на мобилен телефон, кога уредот и експлодирал во рака.

 

Таа, според пишувањата на медиумите, го вклучила телефонот во струја за да се полни, додека разговарала со свој роднина. Уредот, во тој момент, експлодирал во нејзината рака.

Девојчето од експлозијата се здобило со повреди на раката, градите и нозете. Кога во несвесна состојба била пренесена во индиската државна болница Одиша, докторите не можеле да направат ништо друго освен само да констатираат смрт.

Овие информации за тамошните медиуми ги потврди братот на починатото девојче.

„Телефонот се полнеше додека таа разговараше. И пред ние да сфатиме што се случува, Ума беше во кома. Во болницата веднаш констатираа смрт“, вели братот на Ума.

Според информациите на локалните медиуми, во прашање бил мобилен телефон Nokia 5233 од 2010 година.

„Изразуваме жалење поради инцидентот кој се случи во Индија. Наше најдлабоко сочувство до семејството. Истрагата е во тек, а повеќе информации ќе објавиме кога ќе заврши“, изјави функционер на Nokia, по повод овој трагичен настан.

Треба да знаете
Последни објави