Комесарката на ЕУ за трговија Сесилија Малмстром изјави дека ЕУ побарале од САД да бидат исклучени од таксите на увозниот челик и алуминиум кои ги воведе Доналд Трамп.
Малстром изјави дека ЕУ би требало да биде исклучена како целина и дека тоа ќе им го пренесе на претставниците на САД на разговорите во Вашингтон.
Таа изјави дека ЕУ е подготвена да го решава проблемот со преголемото производство на челик, за кое вели дека е вистинскиот извор на проблеми во американската и европската индустрија.
Трамп воведе увозни такси од 25 проценти на челикот и 10 проценти на алуминиумот, а овие такси не важат за Канада и Мексико.
ЕУ состави листа со американски производи на кои ќе воведе такси доколку не биде исклучена од мерките за челикот и алуминиумот.