На неговото одело ќе стојат логоата на 12 спонзори кои за рекламирањето ќе издвојат 128 милиони евра.
Хамилтон неодамна го промовираше комбинезонот со кој ќе вози сезонава, а најголем спонзор му е малезиската нафтена компанија „Петронас“ со 57 милиони евра. Втор е „Мерцедес“ кој ќе издвои 34 милиони евра.
Освен главните спонзори има и повеќе помали спонзори чии суми ја дополнуваат бројката до 128 милиони евра.
Како споредба со бројките во Формула 1, дресот на Манчестер Сити има само три спонзори кои плаќаат 108 милиони евра.