Каков мед да користите против кашлица, а каков за зајакнување на имунитетот?

Медот е совршен катализатор и го зајакнува дејството при употреба на билки. Затоа и често се користи како препарат во комбинација со други производи, а она што треба да се знае е дека ист мед не се користи за различни здравствени состојби.

 

Кашлица

Против воспаление, кашлица и грип најчесто се користи ѓумбир во комбинација со мед и лимон. Помешајте лажичка ѓумбир во прав со 200 грама цветен мед. Лажичка од ова смеса додајте во 2 децилитри лимонада или чај.

Против киселини

При појава на киселини во организмот, медот се зема два часа пред оброк потопен во млака вода.

Гастритис

Користите мед од мента или ливадски. Земајте 1 до 2 грама дневно по килограм од телесната тежина и тоа максимално 20 до 30 дена, никако немојте подолго.

За зајакнување на имунитетот

Помешајте една лажичка камилица и една лажичка ајдучка трева, прелијте ги во литар зовриена вода и оставете така да стои десет минути. Засладете со половина лажичка мед и пред секој оброк пијте по една шолја од овој чај.

Во првите шест недели постепено зголемувајте ја количина на мед, но не повеќе од три лажици, а потоа постепено намалувајте ја количината.

Оваа терапија спроведувајте ја во период од десет месеци.

Треба да знаете
Последни објави