Овој сируп смеат да го користат и децата, но само по една лажичка дневено…
Овој период од годината е препознатлив по тоа што речиси сите луѓе се настинати.
Еден од неизоставените симптоми на настинката и грипот е кашлицата, а таа може да биде многу напорна, болна и да трае со недели откако кивавицата и течењето на носот ќе престанат, особено кај пушачите.
Сепак, постои решение кое ќе ви го олесни животот, а оние кои го пробале, велат дека ја лекува кашлицата за само еден ден.
Станува збор за сируп од пиво, а неверојатниот рецепт содржи само две состојки.
Се што треба да направите е да растворите 150 грама шеќер на ниска температура така што ќе го карамелизирате, исто како кога подготвувате карамел млеко. Потоа тргнете го шеќерот од огнот и полејте го со 500 мл пиво.
Вратете го на огнот и мешајте додека да добиете погуста смеса. Оставете го тивко да се вари од 15 до 20 минути, со цел на крајот вашиот сируп од пиво по текстурата да наликува на мед.
Кога ќе биде готов, пресипете го во стаклена тегла, а кога целосно ќе се олади, зимајте по една лажица неколку пати на ден. Овој сируп смеат да го користат и деца, но само по една лажица дневно.
Совет: Ако имате сува кашлица, во сирупот додадете и лажица сушени листови од нане.