Сколари открива: Роналдо се распрашува за Кина

Поранешниот бразилски селектор Луис Фелипе Сколари откри дека Кристијано Роналдо го распрашувал за животот во Кина.

Португалските медиуми неодамна објавија дека неколку кинески клубови подготвуваат неверојатно богати понуди за ангажман на Кристијано Роналдо, а сега поранешниот тренер на Гванжу, Сколари, признава дека Роналдо се распрашувал за Кина.

„Тој веќе ме праша како изгледа животот во Кина. Му кажав се. Исто така, мораме да сфатиме дека Кина е различна за играчите. Иако, според мене Кина е најдобр и сите треба да пристигнат тука ако им се укаже шанса за тоа“, изјави Сколари.

Сколари соработуваше со Кристијано Роналдо во португалската репрезентација, па сега на ѕвездата на Реал Мадрид му советува да ја заврши својата кариера во Кина.

Треба да знаете
Последни објави