Скопјанка тешко повредена во сообраќајка во Кисела Вода
Вчера во 12,30 часот на крстосницата од улиците “Христо Татарчев“ и “1511“, во населба Кисела Вода, патничко моторно возило „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки управувано од Л.И.(49) од Скопје удрило во пешакот С.Т. (79) од Скопје.
По незгодата С.Т. е пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.
Од страна на увидна екипа при СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот.