Утринава под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот насекаде во земјава преовладува облачно време, во западните и источните делови со врнежи од дожд а на планините од снег. Во западните делови врнежите повремено се со умерен интензитет. Дува слаб ветер од јужен правец.
Според УХМР, денес ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне. Повеќе врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува умерен јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 14 степени.
Истото време ќе се задржи и утре. Локално ќе има услови за појава на замрзнат дожд. На повеќе места уште претпладне ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен северен ветер. Дневните температури значително ќе опаднат и ќе се движат во интервалот од 1 до 7 степени.
Најмногу врнежи ќе има утре. Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд.