Преживеал пад на авион во кој загинале речиси 50 лица: Открива како една обична работа му го спасила животот
Пред десет дена во Непал во авионска несреќа загинаа 49 луѓе. Еден туристички водач го опишал тоа стравично искуство и открил како тој преживеал.
Дајарам Тамракар не пиел алкохол и не спиел за време на летот што тоа му го спасило животот.
Според неговите зборови, бил потоплно свесен и успеал да се ослободи кога авионот кој летал од Бангладеш паднал покрај аеродромот на Катаманда, па подоцна се запалил.
Дајрам упсеал да стане од седиштето, да ја скрши вратата за во случај на опасност и да им помогне на другите патници, пред самиот да излезе на безбедно. Пожарот го зафатил својот авион, а од 67 патници преживеале уште 22 луѓе.
– Успеав да се фатам за седиште при падот, брзо се ослободив од сигурносниот појас и тргнав да ја отворам вратата за во случај на опасност, само затоа што бев доволно присебен, рекопл Тамракар за медиумите од својот болнички кревет.
Брзото размислување им помогна на преживеаните патници да се евакуираат.
– Кога некој ми довика дека избило пожар моравме да го напуштиме авионот. Излегов и погледнав назад, и видов дека опашката веќе беше во пламен. Војската и брзата помош брзо реагираа, што веројатно тоа и помогна на многумина да се спасат, рекол тој.
Инаку непосредно од меѓународниот аеродром во Катаманда се наоѓа воен камп така да многумина дошле на помош.
Тој раскажа дека забалежал дека авионот кој се подготвувал за слетување, летал премногу ниско, а по неколку минути пред да удри на земјата луѓето почнале да вриштат.
– Извикуваа „помош“ и се молеа. Слушав како викаа Алах,Алах…По ударот настана хаос и конфузија. Благодарен сум што сум жив, иако некои мои пријатели не преживеаа, рекол тој.